ВИДЕО: Интересна ситуација во Мелбурн – Новак до Надал: „Рафа сакаш ли да поиграш!?“

Легендарниот Рафаел Надал беше присутен на трибините во Мелбурн присиствувајќи на финалната пресметка на Австралија Опен меѓу неговиот сонародник Карлос Алкараз и неговиот долгогодишен ривал Новак Ѓоковиќ.

Неколку пати во текот на мечот, Новак се впушташе во конверзација со Рафа, повикувајќи го и дали сака да поиграат на теренот…

По мечот, Ѓоковиќ истакна дека за него е малку чудно што Рафа е на трибините…, а е навикнат да го гледа покрај себе на теренот.

„За мене е голема чест што го играв ова финале пред човекот со кого толку многу години ги делевме терените и толку многу овозможивме на тенисот. Малку беше и чудно затоа што Рафа е на трибините, а јас сакам и сум навикнат да го гледам тука на терените. Тој секогаш беше моја огромна инспирација“ – рече Ѓоковиќ со одбрани зборови зборувајќи за Надал.

Се вчитува...