Тетекс и Воска одиграа без победник 1-1 во 18. коло во Втората македонска фудбалска лига Запад. Гостите беа незадоволни на крајот на мечот кога го нападнаа главниот судија Марјан Младеновски кој во финишот на мечот им поништи гол поради офсајд кој ќе значеше три бода за фудбалерите на тимот од Охрид.
На крајот мораше да реагира полицијата како би ги заштитила арбитрите на натпреварот. Сличен инцидент имаше и минатата недела на „Билјанини извори“ каде Воска во финишот со гол од пенал триумфираше во градското дерби против Охрид, а тогаш ситуацијата беше обратна и фудбалерите на Охрид жестоко протестираа кај делителите на правдата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА