ВИДЕО: Инциденти уште пред да почне дуелот во Скопје – Бугарските навивачи со навредливи провокации, полицијата апси хулигани на Левски!

Уште нестартуван натпреварот меѓу Шкупи и Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш инциденти околу најголемиот македонски стадион.

Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.

„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.



Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следеа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.

 

 

Се вчитува...