Динамо Загреб, на три кола до крајот на шампионатот во Хрватска, уште вечерва по дуелот против Славен Белупо во Копривница би можел да слави шампионска титула… Но, на патот на тоа славје засега му стои македонскиот напаѓач Мирко Ивановски.
Во 33. коло од првенството, Славен Белупо води со 1-0 благодарение на голот на Ивановски во 14. минута од средбата, кој со вистинска мајсторија ја измами комплетната одбрана на „модрите“…
Ова е 14-то гол за Ивановски сезонава во Хрватска, со кој се проби на третото место на листата на најдобрите стрелци.
За Динамо Загреб во првиот тим е и репрезентативецот Аријан Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА