Уште на своето деби оваа сезона во дресот на Шкендија, по враќањето во македонскиот фудбал, Изаир Емини погоди за тетовскиот клуб.
Откако „црвено-црните“ беа изненадени на дуелот со Победа во Тетово, по водството на прилепчани од 0-1 од 16. минута со прекрасниот гол на Филип Најдовски, за израмнување се погрижи токму Емини во 30. минута…
А, за да Шкендија стигне до целосен пресврт уште на полувремето се погрижи Бесарт Ибраими со гол од пенал во 43. минута, откако претходно по неговиот шут од слободен удар гостински фудбалер играше со рака во својот шеснаесетник, за сосема оправдан удар од белата точка…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

