ВИДЕО: Извонредната борба на Георгиевски за триумф над светскиот шампион

Дејан Георгиевски славеше во 1. коло од олимпискиот таеквондо турнир, во една одлична борба победувајќи го актуелниот светски шампион Кубанецот, Рафаел Јуниер Кастиљо Алба со 11-8 на поени.

Нашиот таеквондист беше одличен во првите две рунди и иако имаше мал пад во последната сепак успеа да ја задржи убедливата предност.

Во четвртфиналето во 8:45 часот по македонско време Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

 

Се вчитува...