ВИДЕО: Јамал ги освои срцата на фудбалските фанови ширум светот со потегот во Дубаи

Фудбалерите на Барселона добија неколку денови одмор за време на божиќните празници, а Ламине Јамал се најде во центарот на вниманието, кој со своето друштво одморот го минува во Дубаи.

Јамал е само еден од голем број познати фудбалери кои го поминуваат зимскиот одмор во тој град, но сепак успеа да се истакне и да ја воодушеви фудбалската јавност со својот потег.

Имено, за време на прошетка на улица во Дубаи, играчот на Барселона видел момчиња како играат фудбал и решил да им се придружи, што за нив бил огромен шок.

Не можеле да поверуваат дека тоа е навистина Јамал и дека ги моли да играат фудбал со нив, и секако веднаш се согласиле.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како Јамал игра фудбал со момчиња на плажа, а таквиот потег на ѕвездата на Барселона ја воодушеви јавноста ширум светот.

Се вчитува...