ВИДЕО: Јани Атанасов погоди од невозможна позиција, од мртов агол, за АЕЛ Лариса

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов го запиша својот прв погодок во дресот на грчкиот суперлигаш АЕЛ Лариса.

Атанасов, кој ова лето ги засили редовите на АЕЛ Лариса, веќе го постигна и својот деби-гол за новиот клуб.

На пријателскиот натпревар против Пансераикос, кој заврши без победник 1-1, Атанасов стрелаше во 59. минута за водство на АЕЛ од 1-0. И тоа на неверојатен начин од безмалку невозможна позиција, од мртов агол веднаш по изведениот корнер на својот тим…

Се вчитува...