Јани Атанасов имаше меч за заборав во полскиот шампионат откако македонскиот репрезентативец доби црвен картон, а неговата Краковија загуби на гостувањето против Раков со убедливи 4-1.
Краковија се надеваше на изненадување против лидерот на табелата, но Раков доминираше на теренот и заслужено стигна до триумф. Атанасов од седмата минута имаше жолт картон, а во самиот финиш доби и директно исклучување, поради старт пред сопствениот шеснаесетник по една наивно загубена топка на дваесетина метри од својот гол.
Црвениот картон што македонскиот фудбалер го заработи можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА