ВИДЕО: Јетон Беќири пред камерите за вербата дека Шкендија вечерва може да изненади во Баку

Шкендија денеска од 18 часот на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку ја очекува реванш-пресметката со азербејџанскиот шампион Карабах во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

По оној пораз (0-1) на првиот меѓусебен дуел во Скопје, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири е свесен дека неговиот тим го чека исклучително тешка задача во обидот да се продолжи во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите, но директно пред камерите потенцира дека, сепак, силно верува во своите избраници кои ова лето демонстрираат дека може да изненадат секако противник.

„Се разбира дека ќе биде тежок натпревар за нас по оној пораз во Скопје од 0-1, но фудбалот затоа е интересен затоа што секогаш дава втора шанса. Карабах е навистина сериозен тим со еден одличен тренер, но се ќе зависи од нас. Ние треба силно да се бориме, максимално мотивирано да пристапиме на мечот од првиот момент затоа што нема што да загубиме, меѓутоа најважно од се е да се почитува дресот на овој клуб и да се презентираме најдобро што можеме на интернационалната сцена. Фудбалот е непредвидлив а ние имаме квалитет да бидеме подобри од она што го демонстриравме во Скопје“ – истакна Беќири.

Се вчитува...