ВИДЕО: Јокиќ е „поезија во движење“, како „Џокер“ си поигруваше со ЛА Лејкерс

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во овосезонскиот плејоф, постигнувајќи 34 поени, 21 скок и 14 асистенции во првиот дуел од финалето на Западната конференција против ЛА Лејкерс.

Србинот беше фантастичен, а американските медиуми неговиот настап го опишуваат како „поезија во движење“, откако Јокиќ стана прв во историјата што во еден плејоф стигнал до два трипл-дабл мечеви со минимум 30 поени и 20 скокови во натпревар.

Погледнете како изгледаше часот по кошарка што Јокиќ им го држеше на Леброн, Дејвис и на останатите „езерџии“…

Се вчитува...