Предсезоната во НБА-лигата официјално почна со пријателскиот меч меѓу Бостон и Денвер одигран во Абу Даби, каде актуелниот шампион славеше со 107-103.
Никола Јокиќ мина на теренот само 16 минути, доволни за српскиот центар да им подели неколку лекции на противничките кошаркари. Една од нив е и ситуацијата на видеото, кога кошаркарот на Бостон беше убеден дека е во ситуација да го блокира трикратниот МВП. Јокиќ го покажа својот раскошен талент,па иако тргна на хорок, во истото движење сепремисли, ја смени раката и рутински реализираше.
Погледнете ја оваа мајсторија на српскиот репрезентативец, кој за 16минути реализираше 14 поени, 8 скока и две асистенции за својот тим.
Jokic switches hands mid-air and throws it up 😲#NBAinAbuDhabi
BOS-DEN on NBA TV
📲 https://t.co/HjGKkAZcer pic.twitter.com/LXkEORcXsU— NBA (@NBA) October 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА