Никола Јокиќ продолжува со воодушевувачките партии во НБА лигата овој пат за побед на Денвер над Шарлот од 107-104.
По само три четвртини Србинот веќе имаше „трипл-дабл“, негов 152 во кариерата, по што беше седнат на клупата.
Но, во последниот период Денвер се најде во проблеми па повторно мораше да се активира спасителот, со кој пет поени на крајот и неверојатна победничка асистенција донесе триумф. На крај за вкупно 28 поени, 13 скока и 17 асистенции… Интересно, коментаторот на мечот, по феноменалната асистенција само прокоментира:
„Дали Јокиќ во претходниот живот играл ватерполо?“
Nikola definitely played water polo in a past life pic.twitter.com/UVczhh6FBm
— Denver Nuggets (@nuggets) February 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА