Иван Галевски е херојот на Алкалоид на вечерашниот реванш во Норвешка против Валур, откако младиот голман ги имаше клучните интервенции и дефинитивно е најзаслужен што „сино-белите“ обезбедија историско европско финале.
Галевски блесна со клучна одбрана во последната секунда до регуларниот дел, кога спречи Валур во 60. минута да стигне до „плус шест“ и финале.
Тоа беше само најава за чудесното издание на младиот македонски чувар на мрежата во пенал-рулетот, кога Галевски запре три седмерци на Норвежаните и го одведе Алкалоид во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА