Видео: Како Димитријевиќ го растури европскиот првак

Ненад Димитријевиќ го одигра најдобриот меч во дресот на Баерн Минхен токму против најсилниот противник, терајќи го на капитулација европскиот првак Фенербахче.

Јасикевичиус не успеа да најде одговор за македонскиот плејмејкер, кој доминираше од почеток до крај во Минхен.

Димитријевиќ го заврши мечот со 25 индексни поени зад своето име, со 22 реализирани поени, еден скок, три асистенции и дури седум изнудени прекршоци.

Се вчитува...