Видео: Како ечеше македонската химна во Букурешт

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски

Тоа беше моментот за историја, македонската химна за првпат беше интонирана на едно фудбалско европско првенство, а „фалангата“ на стадионот во Букурешт се погрижи тоа да биде незаборавно искуство.

„Денес над Македонија се раѓа“ ечеше од грлата на околу 5.000 Македонци кои беа присутни на Националната арена, давајќи им фанатична поддршка на фудбалерите во текот на сите 90 минути.

 

Поразот боли, но многу поголема за навивачите од таа болка од гордоста е што нашата репрезентација игра на едно европско првенство.

Се вчитува...