Македонската футсал репрезентација со триумф (5-3) над Грција го стартуваше претквалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда од квалификациите за Светското првенство. Неочекувано драматичен меч се одигра во малата сала во „Јане Сандански“. Македонија имаше сигурно водство од 3-0, но потоа дозволи Грците да израмнат (3-3). Сепак, во 38.минута од дуелот, Марио Крстевски постигна четврти погодок за нашиот национален тим, а во последните мигови ја потврди победата и со петти гол.
Во очекување на новиот дуел на македонските футсал репрезентативци, погледнете ги погодоците од вчерашните натпревар против Грците…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА