Ненад Димитријевиќ одигра уште еден меч за паметење, откако македонскиот плејмејкер блесна во сиот свој сјај во мајсторката против Локомотив Кубањ и го одведе Уникс во ново финале од ВТБ-лигата.
Димитријевиќ беше незапирлив за гостинските кошаркари, а кога Локомотив успеа да израмни, Нено во последната минута ја зеде топката кај себе, постигна седум поени во низа и му ја донесе победата на Уникс, апсолутно заслужувајќи ги скандирањата „МВП, МВП“ од трибините на арената во Казањ.
Пред „МВП Нено“ е уште еден последен предизвик, финалната серија против ЦСКА Москва, по што македонскиот плејмејкер ќе си замине од Уникс и ќе го направи посакуваниот чекор напред во кариерата, кон предизвикот наречен Евролига во дресот на Олимпија Милано.
Погледнете како изгледаше „часот по кошарка“ на Димитријевиќ во клучниот меч за пласман во големото финале.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА