ВИДЕО: Како Нено Димитријевиќ му се одмазди на својот екс-клуб!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со уште една своја одлична партија беше клучниот играч на Баерн Минхен во синоќешната гостинска победа против својот поранешен клуб Олимпија Милано.

Димитријевиќ, кој не доби вистинска шанса минатата година во редовите на тимот од Милано, сега го демонстрираше сиот свој квалитет, издвојувајќи се како втор најдобар стрелец на мечот, со 15 поени, дополнети и со четири асистенции и четири скока за околу 20 минути игра за својот тим.

Најдобриот македонски кошаркар имаше „рафална стрелба“ и од зад линијата за три поени против Милано… А, токму еден таков негов потег, беше издвоен и од самиот Баерн Минхен…

Се вчитува...