ВИДЕО: Како Партизан загуби добиен меч – Кошот на Таварес со звукот на сирената!

Партизан, во стилот на цела сезона, „прокоцка“ победа и во последниот свој настап во Евролигата. Иако црно-белите имаа предност и од +12 поени во последната четвртина, на крај загубија од Реал Мадрид со 89-91 во повеќе од драматичен меч во Белград.

Победата за „кралевите“ ја донесе Таварес кој погоди буквално со звукот на сирената, и покрај тоа што претходно Карлик Џонс на две секунди пред крајот погоди за Партизан за 89-89.

Но, Реал и со само две секунди за напад успеа да погоди за триумф.

Се вчитува...