ВИДЕО: Како полицијата во Парагвај го „насамари“ па го уапси Роналдињо…

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и светскиот фудбал, Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис се уапсени во Парагвај поради влез во земјата со фалсификувани патни документи.

Откако неговиот авион слетал во Парагвај се поздрави со навивачите кои го пречекаа, а потоа под полициски придружба е однесен во хотелот каде требало да престојува. Но, веднаш по пристигнувањето во хотелот, полициски инспектори упаднале во истиот пронаоѓајќи ги лажните документи на Роналдињо и неговиот брат…

Властите во Парагвај за фалсификуваните документи знаеле уште при пристигнувањето на Роналдињо на аеродромот во Парагвај, но но е задржан за да се избегне медиумска помпа и снимање материјали од останатите патници. Уапсен е и Вилмондес Соуса Лира, човекот кој на Роналдињи и неговиот брат им обезбедил лажни документи. Денеска Роналдињо и неговиот брат треба да се појават пред истражен судија.

Роналдињо вчера пристигна во Парагвај како би ја промовирал новата книга „Гениј на животот“ но и за учество во хуманитарна акција.

Се вчитува...