Многу насмевки за македонските репрезентативци по јунскиот собир кој го завршија со победа и реми, и на првата позиција во квалификациската група за СП 2026, се до следниот септемвриски собир.
А, убава позитивна приказна имаше меѓу македонските фудбалери и во соблекувалната во Астана веднаш по вчерашната победа од 0-1 на гостувањето против Казахстан.
Во преден план секако стрелецот на победоносниот гол, Александар Трајковски, на кого посебно му честитаа и селекторот Благоја Милевски, кој поради суспензија од трибините го контролираше дуелот, како и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ кој во соблекувалната им честиташе на репрезентативците…. Честитки, секако добија, и од директорот на националните репрезентации при ФФМ, довчерашниот соиграч Горан Пандев.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

