Струга ТЛ и покрај поразот од Есперанж синоќа, успеа да избори историски пласман во плеј-офот во Лигата на Конференции. Стружани загубија 2-1, и после победата од 3-1 на првиот меч, со вкупни 4-3 го добија двомечот со тимот од Луксембург и обезбедија учество во следната фаза.
Пласманот беше изборен тешко, меѓутоа се ќе беше поинаку ако во првиот дел Струга ТЛ ги искористеше двата „зицери“ после голот на Ибраими. Ибраими имаше уште една шанса, а потоа и Буњамин Шабани. Во вториот дел целосна доминација на Есперанж, прв гол во 70. минута, а потоа и пред самиот крај на мечот.
Еден од хероите е и Ведран Ќосевски кој одбрани неколку тешки удари. Есперанж имаше дури 12 обиди во рамките од голот, наспротив само два на Струга ТЛ.
Следното коло Струга ТЛ ќе игра против Бреидаблик, за пласман во групната фаза од Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА