Судиите беа во центарот на вниманието во победата на Партизан од 80-78 над Олимпија Милано во второто коло од Евролигата.
По многу драма и промашен шут од далечина на Марко Гудуриќ, црно-белите стигнаа до првата своја победа во новата сезона.
Но, на крајот победата на „црно-белите“ можеше да биде украдена од судиите кои доделија неколку смешни топки на противниците во финишот. Поради што наидоа на силен револт кај „Гробарите“ кои по мечот фрлаа тврди предмети кон судиите, за што црно-белите веројатно ќе бидат казнети.
Навивачите беа бесни на судиите, но и тренерот Жељко Обрадовиќ имаше што да им каже на триото Дифала-Кортез-Контантиновс.
Имаше многу бизарни одлуки, но дефинитивно најктроноверзно беше исклучувањето на Џабари Паркер. Судиите му покажаа петта лична грешка по „фантомски“ прекршок и тоа во клучниот напад по кој Милано дојде на само минус два поени, а потоа имаше и напад за победа кој не го реализира.
Од видеото многу добро се гледа дека Бомаро се сопнува од сопствената нога, но судиите му доделуваат петта лична грешка на Паркер и го исклучуваат. А, притоа не сакајќи да прифатат ниту челенџ…
There is no way Euroleague refs called a foul for this. Absolutely shame. pic.twitter.com/NwYHbWkjzp
— Euroleague Centel (@EuroleagueCT) October 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

