Повеќе од смешно досуден пенал во Охрид, по кој Воска Спорт има предност од 2-1 против Македонија ЃП во пресметката од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во 71. минута од средбата сериозна глума на домашниот офанзивец, кој изненадувачки место да добие жолт картон за лошо актерство од главниот судија Александар Ставрев доби удар од белата точка. Не вродија со плод протестите на фудбалерите на Македонија ЃП кои очигледно се оштетени.
Ставрев досуди апсолутно непостоечки пенал, по кој во 74. минута Марушиќ погоди од белата точка за водство од 2-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

