ВИДЕО: Каква глупост на Марио Хезоња!? Хрватот го збесна Љуљ…

Кошаркарите на Реал Мадрид триумфираа со 75-74 против Хапоел Тел Авив во драматичен натпревар во Евролигата.

Но, „кралскиот тим“ можеше и да ја испушти победата од рака… Во последниот напад, хрватскиот интернационалец Марио Хезоња имаше офанзивен скок околу 7-8 секунди пред крајот и само требаше да почека некој да го фаулира, а потоа да стави крај на натпреварот.

Но, од причини познати само нему, одлучи да шутира тројка од 10 метри и, како што се очекуваше од таа ситуација, промаши.

Тоа му даде нова шанса на Хапоел, кој во преостанатите 5-6 секунди имаше шут на Василије Мициќ за победа, но српскиот бек не успеа да реализира.

По крајот на мечот, место да слават, кошаркарите на Реал се упатија кон Хезоња, а најгласен беше ветеранот Серхио Љуљ кој имаше што да му каже на својот соиграч. Додека Хрватот бледо гледаше на страна, свесен што можеше да му направи на тимот, Љуљ му одржа лекција.

Хезоња беше најефикасниот играч на овој натпревар со 19 поени, но можеше сè да уништи со еден неразбирлив потег.

Се вчитува...