Во вистински драматичен натпревар, Баерн Минхен и Ненад Димитријевиќ ќе играат продолжение на гостувањето против Макаби Тел Авив во Евролигата, благодарение само на македонскиот кошаркар кој феноменалната партија на мечот ја круниса со неверојатна тројка под фаул на 9 секунди пред крајот на последната четвртина.
Макаби имаше предност од 98-95 на 15 секунди до крајот. Во последниот напад кога сите очекуваа Обст да го преземе последниот шут за израмнување, тоа го прави Нено Димитријевиќ и на 9 секунди пред крајот погодува феноменален шут за три поени под прекршок, и го погодува и дополнителното слободно фрлање за 98-99.
ANDI OBST! 🎯
Pulling up from EVERYWHERE tonight, 6/8 3FG and counting! 🔥@Fruit_96 @FCBBasketball pic.twitter.com/2EdCVtcuYF
— EuroLeague (@EuroLeague) February 12, 2026
Но, во последниот напад домашните добија две слободни фрлања од кои погодија само едно за 99-99 и продолжение во Тел Авив кое се игра во моментов.
Димитријевиќ во 23 одиграни минути во регуларниот дел, има 15 поени, но беше и клучен во пресвртот за својот тим комплетно разигрувајќи го со осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

