ВИДЕО: Каква трка на 100 метри – Јамајканецот Севил го „збриша“ светскиот и олимписки шампион!

Јамајканецот Облик Севил е победник на трката на 100 метри што се одржа во Лондон во рамките на Дијамантската лига.

Тоа беше првата трка за светскиот и олимписки шампион Ноа Лајлс по Игрите во Париз, но овој пат, Американецот мораше да се задоволи со второто место, зад доминантниот Севил.

Лајлс не беше ни блиску до закана за Јамајканецот на патеката и закана за неговата победа. Севил ја заврши трката со време од 9,86 секунди. Лајлс постигна време од 10 секунди. Британецот Џарнел Хјуз стигна до целта трет со време од 10,02 секунди.

Се вчитува...