Видео: Кампацо се збогуваше од Реал Мадрид

Факундо Кампацо вечерва го одигра својот последен меч за Реал Мадрид, со 20 поени учествувајќи во триумфот над Манреса од 100-78. Аргентинскиот ас ја продолжува кариерата во НБА-лигата откако потпиша договор со Денвер нагетс, а вечерашниот дуел беше негово простување од „кралевите“, клуб со кој освои бројни трофеи, меѓу нив и два од Евролигата.

Тренерот Ласо го повлече Кампацо од игра во последната четвртина, по што Аргентинецот беше поздравен од сите соиграчи и членовите на стручниот штаб.

Се вчитува...