Работнички дојде до повеќе од значајна победа од 0-1 на гостувањето против Академија Пандев на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Во натпревар кој се играше во крајно тешки услови со комплетно покриен со снег терен на спортскиот комплекс „Пандев“, Работнички до победата дојде само поради грешката на домашниот голман Марко Јовановски кој во 78. минута лошо изби топка, па поранешниот фудбалер на „пандевци“, Кристијан Стојкоски со шут од 30 метри погоди за триумф од 0-1.
Претходно натпреварот мина во сосема израмнета игра без никакви позначајни шанси на двете страни, поради лошите услови за игра.
Александар Васоски со пораз дебитираше на клупата на Академија Пандев, а Влахо по враќањето на клупата на „романтичарите“ со првите три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

