Фудбалерите на Тиквеш веќе на стартот на второто полувреме успеваат да дојдат до израмнување на 1-1 на дуелот против Брегалница во 8. коло од ПМФЛ.
Грешка во одбраната на штипјани од страна на стоперот Лвалива, кој дозволи украдена топка од Едис Спахиу.
Потоа, Спахиу мајсторски реагираше минувајќи го и голманот на гостите Давков па откосо стрелаше за 1-1.
Според главниот судија немаше контакт меѓу Спахиу и Лвалива при одземањето на топката, но гостинскиот дефанзивец потоа не можеше да го продолжи натпреварот, поради повреда напуштајќи ја играта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

