Видео: Кире со девет гола за полувреме, Македонија води 16-10

Македонија игра извонредно во првото полувреме од квалификацискиот меч против Чешка, доминирајќи и заслужено водејќи со 16-10  по првите 30 минути игра.

Главна фигура во досегашниот дел од натпреварот е Кире Лазаров, кој игра феноменално и веќе нанижа девет гола, со само едно промашување (од пенал ја погоди гредата). Во ритам е и голманот Борко Ристовски, кој имаше осум успешни интервенции и ги задржа Чесите на само 10 постигнати гола во ова полувреме.

Македонија со победа ќе го освои првото место во групата, што ќе и донесе место во вториот шешир и нешто полесни противници на претстојното Европско првенство во Хрватска.

Се вчитува...