Класата е вечна кога си врвен професионалец и играч од највисока класа, го покажа тоа Војдан Стојановски и на синоќешното гостување на МЗТ Скопје во БиХ потив екипата на Студент.
„Металците“ прокоцкаа плус 14, се влезе во неизвесен финиш, а тогаш топката во свои раце ја зеде токму Војдан, кој мајсторски си создаде предност, а потоа и погоди тројка со звукот на сирената за огромна радост на аеродромци на ова незгодно гостување.
Вojдан во декември ќе наполни 38 години, но со игрите што ги прикажува дефинитивно може не само да продолжи да игра, туку и да доминира во мак-баскетот уште неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

