Видео кое ги загрижува фановите: Надал не може самостојно да оди по освојувањето на „Ролан Гарос“

Рафа Надал пред неколку дена го освои својот 14-ти Ролан Гарос во кариерата. Во последните неколку години Шпанецот се мачи со повреди, а дека не е најдобро и сега покажува видеото во кое се гледа како тенисерот оди на преглед, но не е во состојба да оди самостојно, па му требаат патерици.

Ова ги загрижува фановите на Надал пред турнирот во Вимблдон. Јасно е дека Надал игра под инјекции, но тоа не му пречеше да го освои Ролан Гарос. Меѓутоа под голем знак прашалник е настапот на Вимблдон.

Останува да се види што ќе кажат лекарските прегледи, но според ова што се гледа, не изгледа добро.

Се вчитува...