Видео: Кога Хабиб ќе се сретне со Кристијано…

Хабиб Нурмагомедов е голем фудбалски фан, па при последната посета на Англија издвои дел од своето време за да го посети хотелот во кој беа сместени фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Таму, легендарниот УФЦ борец имаше можност да се сретне со Кристијано Роналдо, Пол Погба, како и со поранешниот дефанзивец Рио Фердинанд. Хабиб денеска го објави и видеото од средбата со Роналдо, кого Дагестанецот го смета за најдобар фудбалер во историјата.

„Тој е најдобриот на сите времиња. Продолжи да ги правиш твоите работи шампиони, инспирираш милиони луѓе ширум светот“, напиша Хабиб крај заедничката фотографија со Кристијано.

Се вчитува...