Македонија ремизираше (29-29) против фаворитот Португалија во 2. коло на Европското првенство 2026, па се уште остануваат шансите на националниот тим за место во главната рунда натпревари во Топ 12 селекции на Стариот континент.
Селекторот на Македонија, легендарниот Кире Лазаров, како и секогаш крајно емотивно и енергично го водеше национален тим и на вчерашниот натпревар со Португалците.
Па на крајот од првото полувреме, тој побара тајм-аут вознемирен од лошата поставеност на своите играчи. Очигледно, тајм-аут за „раздрмување“ на ракометарите пред последните минути од првиот дел…
„Слушајте, доста е! Слушајте ме овде! Човече, тука е твојата позиција, што се враќаш на 6-0…!“ – диктираше Лазаров…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

