Видео: Кога судија еуфорично ја слави победата на својот тим

Мајк Дин важи за најстрог англиски судија, впрочем тој сезонава стигна до бројката од 100 покажани црвени картони на премиерлигашките натпревари.

Дин се покажа во сосема поинакво светло на синоќешниот дуел меѓу Транмере и Форест Грин, откако се појави на трибината меѓу фановите на Транмере. Неговиот тим на крајот успеа да слави и да се пласира во плеј-оф мечот на „Вембли“, а англискиот судија беше меѓу оние кои најеуфорично го прославија големиот успех.

 

Се вчитува...