ВИДЕО: „Комити“ се собраа околу стадионот во Охрид, но немаат пристап на „Билјанини извори“

Најверните вардарови навивачи „Комитите“, како што најавија, се собраа пред стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид каде во моментов е дербито од 25. коло во Втората лига меѓу Воска Спорт и Вардар.

Но, согласно и најавата од ФК Воска дека натпреварот ќе се игра без присуство на навивачи, „Комитите“ немаат пристап на стадионот во Охрид, спречени од полициските сили.

Па, „Комитите“ ќе мора од страна, од близина на хотелот „Јуник“, од околу 100 метри покрај стадионот крај Охридското езеро да ја дадат поддршката за своите миленици…

Се вчитува...