Вардар води со 0-1 на гостувањето против Силекс во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига по првото полувреме.
Но, лесно можеше да се случи дуелот по првите 45 минути да заврши и со 1-1. Во 32. минута, Силекс постигна погодок преку Бобан Георгиев кој најпрво беше признаен, но по интервенција на помошникот судија голот беше поништен поради офсајд позиција.
Фудбалерите на Силекс жестоко протестираа и цели три минути потоа, но одлуката за поништување на голот на беше променета… Дали беше офсјад или не тешко е да се каже од првичните видео снимки од погодокот….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

