ВИДЕО: Љатифи го „замолкна“ Кавадарци, претходно домашните „збеснаа“ по поништен гол за Тиквеш

Шкендија има водство од 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до предноста дојдоа во 69. минута од средбата.

Бесарт Ибраими украде една топка на 30 метри пред голот на домашните, одлично асистираше за Љатифи кој не погреши за водство од 0-1.

На крајот од првото полувреме имаше тензии на мечот, откако во финишот беше поништен погодок за Тиквеш поради претходен прекршок во напад. Но, на полувреме раководството на Тиквеш отворено го искажа својот револт кон судии, бурно реагирајќи поради поништениот погодок.

Се вчитува...