Македонија ЃП, Пелистер и обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако по изведувањето на пеналите ги елиминираа Академија Пандев, Работнички односно
„Лавовите“ во Струмица ги елиминираа „пандевци“ откако победија со 4-5 по изведувањето на пеналите. Маронг не успеа да го реализира пеналот за Академија Пандев кој беше кобен за струмичани.
Претходно, во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1-1. Академија Пандев дојде до предност од пенал со голот на Мирчевски во 64. минута, но Адем исто така од пенал израмни во 68. минута.
И Пелистер со 5-4 го елиминираше Работнички по пеналите, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.
Струга ТЛ е последниот четвртфиналист откако со 5-4 победи по пеналите против Борец.
Претходно, со триумф во регуларниот дел од натпреварите место меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија обезбедија Шкендија, Брегалница, Шкупи и Силекс.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (Осминафинале)
Ак. Пандев – Македонија ЃП 1-1 (по пенали: 4-5)
Брегалница – Охрид 4-0
Пелистер – Работнички 0-0 (по пенали: 5-4)
Шкупи – Тиквеш 1-0
Шкендија – Ренова 5-0
Струга ТЛ – Борец 1-1 (по пенали: 5-4)
Вардар – Скопје 0-0 (по пенали: 4-2)
Беласица – Силекс 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА