Леброн Џејмс постигна 42 поени, дополнети и со 17 скока и осум асистенции во победата на ЛА Лејкерс над Голден Стејт Вориорс од 120-112. Па, од денес тој ги држи рекордите за најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар.
На синоќешниот натпревар пред присутните беше претставен и Лука Дончиќ. Иако се уште нема играно за својот нов тим откако беше трејдуван за Ентони Дејвис и испратен од Далас во ЛА Лејкерс, Дончиќ е дел од тимот кој е во игра.
Дончиќ беше пречекан со овации, а камерите ја забележаа и неговата реакција по ‘волшебната’ тројка на Џејмс. Без временски притисок кој означува крај на нападот или четвртина, Леброн ја префрли топката преку центарот, застана на центарот и од „логото“ постигна тројка.
LEBRON FROM THE LOGO pic.twitter.com/WsCBdMRfwa
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 7, 2025
И Дончиќ не можеше да го сокрие воодушевувањето од тој потег на Леброн….
Luka’s reaction to LeBron’s logo 3🔥
pic.twitter.com/iPhUv6Zztp— 🎭 (@MaskedInLA) February 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

