ВИДЕО: Леброн сакаше да го тепа Дилон Брукс

Натпреварот меѓу ЛA Лејкерс и Феникс Санс донесе неверојатна завршница и конфронтација меѓу Леброн Џејмс и Дилон Брукс.

Во текот на својата кариера, Брукс често зборуваше за тоа како тој е оној што може да го запре Џејмс, а сега дојде до кулминација.

Првата ситуација се случи во третата четвртина, кога по еден аут, Леброн и Дилон се степаа, а на крајот судиите го спречија „кралот“ да го ескалира конфликтот.

Натпреварот продолжи, а потоа следеше драма. Лејкерс влегоа во последните 40 секунди со +4, но следеа брзи поени на Ален и Брукс (тројка) за пресврт.

Не беше доволно Брукс да го поведе својот тим до победа, па затоа реши да му се вдаде во лице на Леброн по тројката и малку да го оттурне – и за тоа доби техничка казна!

На крајот, во драматичен финиш, Лејкерси на крај славеа со 116-114.

Се вчитува...