ВИДЕО: Легендарниот Милојко Пантиќ со порака и подарок за Панчев – „Фудбалска Кобро…“

Легендарниот српски коментатор Милојко Пантиќ, кој го коментираше финалето во Купот на европските шампиони од 1991 година во Бари кога Црвена Звезда се закити со европската титула, објави своја книга „Небото се отвори“ со сеќавања за најзначајните моменти во историјата на југословенскиот фудбал и црвено-белите.

А, во неа и секако сериозен простор за најголемиот фудбалер во македонската историја Дарко Панчев.

Па, Пантиќ испрати и порака до македонската Кобра уште еднаш посочувајќи го влијанието на „Златната копачка“ во успеси на Црвена Звезда.

„Фудбалска Кобро, за сите времиња ќе го паметам она што ти им го даде на Црвена Звезда и на југословенскиот фудбал“ – порача Пантиќ, повторувајќи го својот коментар по одлучувачкиот пенал на Дарко Панчев со кој и ја донесе европската титула на Црвена Звезда во 1991 година.

„Дарко, Дарко, Дарко… Златна копачка на Европа, го позлати нашиот црвено-бел тим“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПОРАКАТА НА МИЛОЈКО ПАНТИЌ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...