ВИДЕО: Лесни три за Вардар – мајсторија на Бесар Исени

Вардар без поголеми проблеми со убедлив триумф од 3-0 дојде до трите бода од пресметката против прилепска Победа во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ триумфот го најавија уште во првото полувреме со погодокот на Владица Брдаровски, а со помош и на неспретната реакција на гостинскиот голман Дарко Тофиловски…

Во второто полувреме за само неколку минути беа заокружени конечните 3-0. Најпрво во 67.минута погоди Јован Попзлатанов за 2-0…

А, во 70. минута со извонреден индивидуален потег погодок постигина и нововлезениот Бесар Исени…

Се вчитува...