ВИДЕО: Лилард постигна историски 60 поени, со неверојатна ефикасност

Демијан Лилард во синоќешната победа на Портланд над Јута од 134-124 запиша неверојатни 60 поени.

За него ова е четврти таков натпревар во кариерата, со што се израмни со Мајкл Џордан и Џејмс Харден, а пред него останаа уште само Вилт Чембрлен, кој тоа го направил недостижни 32 пати, и Коби Брајант со шест меча со најмалку 60 поени. Лилард посебно се истакна со ефикасноста со која дојде до овој потфат.

Лилард до 60 поени, од игра погоди 21 од 29 шута (74% ефикасност), девет од 15 тројки и 9 од 10 слободни фрлања. Само е четврти играч во историјата кој 60 поени запишал со шут подобар од 70%, по Чемберлен (четири пати), Карл Мелоун во 1990 година и Дејвид Томпсон во 1978 година.

Но, никој пред него не постигнал 60 поени со помалку од 40 обиди од игра, а на Лилард му беа неопходни само 29 обиди.

Во еден момент на синоќешниот меч постигна 20 поени во низа, а 50 поени веќе имаше пред крајот на третата четвртина.

Се вчитува...