ВИДЕО: Линдзи Вон посилна од тешката повреда – Ќе учествува на ЗОИ

Американската скијачка Линдзи Вон информираше дека претрпела сериозна повреда на коленото, но се надева дека ќе се натпреварува на Зимските олимписки игри во Италија.

Легендарната 41-годишна скијачка беше префрлена со хеликоптер во болница во Швајцарија во петокот откако се повреди на последната трка од Светскиот куп пред Игрите.

Поранешната олимписка шампионка изјави дека коленото е стабилно и не е отечено, и дека се надева дека ќе учествува на спустот во Кортина.

„Ова очигледно не е она на што се надевав. Работев многу напорно за да стигнам до Игрите. Знам какви ми беа шансите и знам дека сега не ми се исти, но шансата е тука. Додека има шанса, ќе се обидам. Јас сум тука“, рече Вон.

Со медал во Кортина, таа би го срушила рекордот што го постави во 2018 година кога стана најстарата жена што се искачила на подиумот во таа дисциплина на Олимписките игри.

Се вчитува...