Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили е херојот за Сондерјиске во 8. коло од Суперлигата на Данска, издвојувајќи се како клучен играч во победата од 3-2 против една од најдобрите екипи во првенството, Митјиланд.
Македонскиот офанзивец беше стрелец на два гола, носејќи предност за својата екипа уште во првиот дел од натпреварот.
Најпрво стрелаше во 41. минута за 1-0 на полувремето, а потоа погоди и за 2-0 во 51. минута, откако претходно сам ја почна акцијата за голот.
⚽️GOAL🇩🇰 | Sønderjyske 2-0 FC Midtjylland | Lirim Qamilipic.twitter.com/qhWwZSrKfx
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 20, 2024
До крајот, домашните успеаја да ја зачуваат победата иако гостите се заканија во финишот. Ќамили го одигра целиот натпревар за Сондерјиске, а поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Сефер Емини играше до 80. минута и запиша одлична асистенција за третиот гол на Сондерјиске. Младинскиот репрезентативец Иван Николов, пак, остана на клупата за резервни фудбалери кај Сондерјиске.
Ќамили со најновите два погодоци сега веќе има пет гола во најсилниот шампионат на Данска по само осум одиграни кола, на делба на седмата позиција меѓу најдобрите стрелци во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА