ВИДЕО: Лирим Ќамили повторно стрелец – Гол и против Нордсјиланд!

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили продолжува со гол-формата во дресот на Сондерјиске, запишувајќи го и осмиот свој гол сезонава во најсилната лига на Данска.

Во 19. коло од елитната конкуренција во Данска, Сондерјиске гостува на Нордсјиланд а Лирим Ќамили во 22. минута погоди за водство на својот тим од 0-1.

Во продолжението домашните постигнаа два гола па на полувремето водат со 2-1.

Покрај Ќамили во стартниот тим на Сондерјиске е и вториот македонски интернационалец Сефер Емини, а на спротивната страна на клупата за резервни фудбалер кај Нордсјиланд е Македонецот со американски пасош, Милан Илоски.

Се вчитува...