Видео: Лудило на „Бернабеу“ – Мбапе и навивачите во еден глас… Хала Мадрид

Килијан Мбапе од денеска и официјално е нов член на Реал Мадрид, откако францускиот ас по потписот на договорот со Флорентино Перез ја имаше и својата промоција во новиот дом на „Сантијаго Бернабеу“, каде над 80.000 навивачи го видоа својот нов миленик како за првпат го носи белиот дрес на „кралевите“.

А на Мбапе не му требаше многу за да предизвика лудило меѓу навивачите, откако заедно со нив во еден глас го извика легендарниот навивачки слоган на Реал – „Хала Мадрид“.

„Ајде сега сите заедно…. еден, два,три… Хала Мадрид“, повика Мбапе, предизвикувајќи воодушевување меѓу навивачите на актуелниот европски шампион.

Се вчитува...